Најдов слепо маче без мајка, што сега?

newborncatВАЖНО!

*МАЧИЊА СТАРИ ДО 2 НЕДЕЛИ ТРЕБА ДА СЕ ХРАНАТ НА СЕКОИ 2 ЧАСА (И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА, НЕ САМО ПРЕКУ ДЕН, ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ВО ПЕРИОД ОД 24 ЧАСА ТРЕБА 12 ПАТИ ДА ИМ СЕ ДАДЕ ДА ЈАДАТ).

Откако ќе направат 2 недели може да се почне со хранење на секои 4 часа, а кога ќе направат 3-4 недели може да се хранат на секои 6 часа и потоа постепено да се навикнуваат да јадат сами.

**ВО КУТИЈАТА КАДЕ ШТО СПИЈАТ МОРА ДА ИМА ШИШЕ СО ВРЕЛА ВОДА ОД 1,5 ЛИТРИ ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ПОСЛЕ СЕКОЕ ХРАНЕЊЕ ЗА ДА ИМ БИДЕ ПОСТОЈАНО ТОПЛО, АКО ИМАТЕ САМО ЕДНО МАЧЕ-СИРАЧЕ ТРЕБА ДА СЕ ЧУВА МЕЃУ ДВЕ ШИШИЊА ОД 1,5 Л СО ВРЕЛА ВОДА ШТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ НА ИСТИОТ НАЧИН.

***НЕ Е ДОВОЛНО САМО ДА ИМ СЕ СТАВИ ЏЕМПЕР ВНАТРЕ И ДА СЕ МИСЛИ ДЕКА ИМ Е ТОПЛО ЗАШТО ТИЕ САМИ НЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДАТ ТОПЛИНА И МОЖЕ ДА УМРАТ ОД СТУД и покрај тоа што се чуваат во соба и мислите дека се на топло!

****МАЛИ МАЧИЊА НИКАКО НЕ СМЕАТ ДА ЈАДАТ ЖИВИ ЈАЈЦА ЗАШТО ЌЕ УМРАТ ОД БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА!

Исто така, ако земете да чувате вакво маче многу е важно првин да се јавите кај ветеринарно лице, тоа да ги прегледа, а после тоа да го следите упатството од тука.

1. За да можете сами да одгледате толку мали мачиња и да ви преживеат (што е најважно) ви треба следново:

а) „Лактовит“ од „Зегин“ (160 денари) + 2 шприца од по 10 мл и 2 шприца од по 5 мл (по 2-3 денари се, a треба да ги менувате отприлика на една недела, односно штом забележите дека шприцот потешко се стиска).

б) Памук (има во „КАМ“ – 35 денари)

в) Ѓезве (за во него да вриете вода)

г) Пластични чашки од оние за една употреба (за да се подготвува смесата со „Лактовит“).

д) Мала стаклена тегличка (најзгодна е од бебешка кашичка- за чување на поголема количина зовриена вода)

ѓ) Полномасно млеко (3,2% масленост, се прави раствор со превриена вода во сооднос 3:1, тоа значи 3 дела млеко со еден дел превриена вода).

2. Ќе си направите простор (да речеме кај вас во соба на маса) за да се хранат, тука ќе си ги наредите сите работи што ви се потребни – „Лактовитот“, шприцовите, памук, ѓезвето со зовриена вода, пластичните чашки и стаклената тегличка.

3. „Лактовит“ за 1 маче-сираче се подготвува на следниов начин:

Во ѓезве се става ладна вода колку за еден филџан кафе и откако ќе зоврие ќе оставите да се излади на собна температура. Откако ќе се излади цела вода се префрла во стаклената тегличка и се полни еден шприц од 5 мл (ако мачето е старо најмногу 2 недели) или од 10 мл (ако е постаро од 2 недели) што го истурате во пластичната чашка. Во чашката за 10 мл вода се става 1/3 лажичка „Лактовит“ (пластичната мерна лажичка што е внатре во пакувањето), а за 5 мл вода количината „Лактовит“ се намалува соодносно. Откако „Лактовитот“ е во водата промешувате за да се изедначи смесата, односно да нема грутки прашок. Полните еден од шприцовите со смесата и почнувате да храните. Шприцот не се мести за директно да му шприца на мачето во грло туку се става странично, не е битно од која страна, како ви е вам најзгодно (или во зависност од тоа дали сте деснак или левак) и се шприца капка по капка. ШПРИЦОТ ПО СЕКОЈА УПОТРЕБА УБАВО СЕ МИЕ ДА НЕ ОСТАНУВА „ЛАКТОВИТ“ ВО НЕГО. ХИГИЕНАТА ПРИ ОДГЛЕДУВАЊЕ НАПУШТЕНО МАЧЕ Е ОД СУШТИНСКА ВАЖНОСТ!

*Најубаво е мачето да се храни наизменично со „Лактовит“ и со раствор од полномасно млеко за да не дојде до иритација на цревата (некои мачиња не го поднесуваат добро „Лактовитот“).

4. Многу е важно да се внимава да не му се наполнат белите дробови со течност, затоа е најубаво мачето само да си цица, односно да влече, од шприцот, така ќе бидете сигурни дека хранењето се изведува правилно. Кај нас не постојат шишенца за хранење мачиња-сирачиња, како што постојат на Запад, ниту постои замена за мајчино млеко специјална за мачиња па затоа мора да се импровизира со шприцови, со пипети и со „Лактовит“ кој не секогаш ги задоволува потребите на напуштените мачиња.

***ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ИМПРОВИЗИРАТЕ И ДА ПРАВИТЕ ШИШЕНЦА ЗА ХРАНЕЊЕ НА МАЛИ МАЧИЊА ОД САДОВИ ВО КОИ СЕ ЧУВАЛЕ ЛАКОВИ/СУШАЧИ ЗА ЛАКОВИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ ХЕМИСКИ ПРЕПАРАТИ ЗАШТО МНОГУ ЛЕСНО МОЖЕ ДА ГИ ОШТЕТАТ И ОНАКА КРЕВКИТЕ ЦРЕВНИ ЅИДОВИ КАЈ МАЧИЊАТА И ДА ПРЕДИЗВИКААТ МНОГУ БОЛНА СМРТ! КОЛКУ И ДА МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ УСПЕАЛЕ ДА ГО ИЗВРИЕТЕ/ИЗМИЕТЕ ВАКВОТО ШИШЕНЦЕ СЕ ЛАЖЕТЕ. ВАКВИТЕ ИМПРОВИЗАЦИИ МОЖЕ ДА ГО ЧИНАТ МАЧЕТО ЖИВОТ ИЛИ МНОГУ СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ ШТО МОЖЕ ДА МУ СЕ ПРОВЛЕКУВААТ ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ!***

Ако белите дробови на малото маче се наполнат со течност ќе се разболи од аспирациска пневмонија, ќе почне да кашла, тешко да дише, ќе престане да јаде и на крај ќе умре. Затоа е многу важно кога се зафаќате со една ваква сериозна работа да ѝ пристапите на исто толку сериозен начин.
ВО ОВАА РАБОТА НЕМА ПРОСТОР ЗА ГРЕШКА! СЕКОЈ ВАШ ПРОПУСТ И СЕКОЕ ВАШЕ НЕВНИМАНИЕ ДРАСТИЧНО ГИ ЗГОЛЕМУВА ШАНСИТЕ ЗА СМРТ КАЈ МАЧЕТО!

4. НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПРАВИ ПОГОЛЕМА КОЛИЧИНА СМЕСА „ЛАКТОВИТ“ И ДА СЕ ОСТАВА ДА СТОИ ЗАШТО СЕ СОЗДАВААТ БАКТЕРИИ ШТО МОЖЕ ДА ГИ УБИЈАТ МАЧИЊАТА!!! ПОДГОТВЕНА СМЕСА „ЛАКТОВИТ“ МОЖЕ ДА СТОИ НАЈМНОГУ 1-1,5 ЧАС, ПОВЕЌЕ НЕ! Единствено што може да се остави да стои подолго време е зовриената вода што е практично да ја имате во поголема количина за да имате за повеќе хранења, да не морате на секое хранење да зовривате нова.

5. Мачињата НЕ СМЕАТ да пијат вода директно од чешма, МОРА ДА ПИЈАТ ИСКЛУЧИВО ПРЕВРИЕНА!

6. Додека се олку мали треба да пијат по 3-4 мл „Лактовит“ на едно хранење, ама ако сакаат да пијат повеќе слободно давајте им повеќе. Мачињата како што ќе растат ќе си бараат сè повеќе и повеќе количински, така што не мора да се грижите дали им давате доволно или премногу, тие си јадат онолку колку што може да им собере. Проблемот е ако не сакаат да јадат доволно или ако од ден на ден не им се зголемува количината што сакаат да ја изедат, или уште полошо, ако таа количина се намалува – во тој случај веднаш треба да се обратите кај ветеринар (листа на ветеринари со контакт-телефони ќе најдете најдолу во оваа белешка).

7. ПОСЛЕ СЕКОЈ ОБРОК СЕ ЧЕКА ОКОЛУ 5 МИНУТИ и ќе земете мало парченце памук, ќе го навлажните со топла вода и полека ќе го масирате мачето кај газето и гениталиите за да почне да мочка и да кака. ОВА Е ИСТО ТОЛКУ ВАЖНО КОЛКУ И САМОТО ХРАНЕЊЕ зашто ако не го исфрли изметот може да добие труење и да умре! Делот околу гениталиите треба да се одржува чист и сув, ако мачето има пролив веднаш треба да се јавите на ветеринар (листа на ветеринари со контакт-телефони ќе најдете најдолу во оваа белешка).

8. Некаде околу третата недела од животот мачето треба да се навикнува да јаде само. Ќе пробате да му ставите во тацна пилешка супа или конзервирана храна за мали мачиња. Исто така, во овој период „Лактовитот“ може да го растворате со пилешка супа, а не со обична превриена вода. Супата не треба да има никакви зачини и треба да е правена само со неколку зрнца морска сол. Кромидот, лукот и сличните на нив зеленчуци се токсични за мачиња, еве и која друга храна би било пожелно да ја избегнувате:http://cats.about.com/cs/catfood/a/humanfood.htm. Може да ставите сосема мало парче пилешки гради во малку вода и неколку зрнца морска сол, да го испасирате и да му го дадете така да лиже од тацната или со шприц. Важно е дека мачето до 4 недели старост веќе треба да биде сосема самостојно, а ова е период и кога треба да му ставите пластично од сладолед наполнето со песок во кутијата каде што спие и полека да го стимулирате таму да врши нужда, а не вие постојано да го издржувате за одење во ВЦ.

9. Мали маченца најчесто многу брзо се учат да одат во ВЦ во песок и околу ова обично не треба многу труд, едноставно кога веќе знаете кога отприлика кака/мочка ќе го пикнете во песокот, ќе му фатите една предна шепа и ќе почнете заедно да копате низ песокот за да му покажете како треба. Мачето ќе оди во ВЦ или веднаш или ако случајно, сепак, чека на вас да го издржите може откако ќе го стимулирате да оди во ВЦ да го ставите памукот со измет/урина во самиот песок. Мачето ќе го намириса и нареден пат ќе си отиде таму во ВЦ. Толку е едноставно!

Мали мачиња првите пати кога одат во ВЦ во песок знаат да цивкаат или да мјаукаат силно, тоа не дека нешто ги боли, но едноставно тоа им е начин за да покажат дека сакаат да вршат нужда. Тоа може да ви биде од голема помош во случај мачето да ви седи на кревет со вас и одеднаш да почне да цивка – веднаш ќе знаете дека ви кажува дека сака да оди во ВЦ. Мачките се многу паметни и многу чисти суштества!

За крај еве едно видео, да видите практично како се прави сè:

СО СРЕЌА!

Извор(и): (освен дадените линкови) лично десетгодишно искуство со чување мачиња, секојдневно читање литература со ваква проблематика, многубројни и долготрајни консултации со ветеринари, здрав разум, логика.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s