КРЗНО = УБИСТВО

furfreeСо одбележувањето на Fur Free Friday, ЕДЕН им се приклучи на бројните организации ширум светот во борбата против една од најсуровите и најштетните индустрии.

Токму од оваа причина многу земји-членки на Европската Унија го забранија одгледувањето на животни за крзно. Такви земји се: Велика Британија, Австрија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија. Во Република Македонија е забрането одгледување на животни за крзно, но, за жал, сѐ уште се дозволени увозот и продажбата на овoj крајно нееколошки производ. Тоа можеби навидум делува позитивно, но во суштина, забраната за производство, а истовремено -целосната слобода за увоз и продажба- предизвикуваат индустријата за производство на крзно да се пресели во земји како што е Кина, каде што нема никакви закони за заштита на животните. Најблиску до идеалот кога станува збор за правата на животните што се злоупотребуваат за крзно, е Израел, каде што е во тек иницијатива да се забранат, покрај производството, и увозот и продажбата на производи од природно крзно. Ако предлогот се усвои, Израел ќе стане првата земја во светот којашто целосно ќе ја бојкотира оваа свирепа и непотребна индустрија. Во нашата поблиска околина земја што комплетно го забрани одгледувањето на животни за крзно е Босна и Херцеговина, додека во Хрватска во тек е целосна забрана на индустријата. Одговорот на прашањето: Како производството на природно крзно од водечка економска гранка во Хрватска, се претвори во индустрија која полека, но сигурно, целосно ќе се забрани со закон, е многу едноставен. Имено, со тек на време беше забележано дека огромен процент од вработените на фармите за крзно се разболуваат од најразлични канцерогени заболувања и дека и покрај скапите филтри и најсилните мерки за заштита на средината, сепак, водите, почвата и цели екосистеми во Хрватска претрпеа катастрофални последици во име на финансиска добивка. Среќна околност е што граѓаните на оваа земја се освестија и не дозволија последиците да земат поголем замав и штетата да добие размери што се надвор од секаква контрола на човечкиот фактор.

Резултатите од многу научни студии од сериозни институции ширум светот покажуваат дека индустријата за производство на крзно – поради испуштањето токсични супстанции како што се хромот, алуминиумот, железото (за да се спречи распаѓањето на кожите), потоа формалдехидот, јаглените деривати, различни масла и разредувачи (а дел од нив имаат и цијанид во својот состав) – е најголем причинител за загадување на животната средина и загрозување на човековото здравје. Според Службата за контрола и превенција од Атланта кај населението што живее во близина на вакви фабрики е забележана петпати поголема инциденца на леукемија во споредба со просекот на ниво на држава. И не се само последиците по животната средина и по здравјето на луѓето причина што оваа индустрија стана непожелна и забранета во Хрватска, а и во многу други земји ширум светот. Крзното не е нус-производ од ниедна друга индустрија, тука животните наменски се ловат или прекумерно се размножуваат само за таа цел – искористување на нивното крзно. Освен тоа, во стапиците што ги поставуваат ловците неретко се фаќаат и животни кои не биле нивна цел, па залудно умираат од инфекции, поминувајќи денови во агонија вклештени во челичните стапици, немоќни да се ослободат, или, така беспомошни и повредени, стануваат лесна мета на предатори. Труповите на животните што се одгледуваат за крзно се неупотребливи, па нивното отстранување претставува дополнителна закана по животната средина. На фармите за животни што се одгледуваат за крзно се случува непоимлив хорор, далеку од очите на обичниот човек. Сите животни што „живеат“ на овие фарми ги чека истата судбина – давење во вода, задушување, гасни комори, труење, анална и вагинална електрокуција, кршење на вратот, кршење на главата, претепување до смрт, дерење на живо, садистичко изживување какво што не можеме ни да си замислиме… Третманот, односно поточно кажано, злоупотребата на животните на тие фарми ги надминува сите граници на човековиот разум. Профилот на работникот на таквите фарми слободно можеме да кажеме дека се доближува до профилот на сериски убиец, силувач, психопат. Премногу е кревка човековата психа за да може совеста да дозволи да биде сведок на такви ѕверства, а тоа да не се преслика во сите аспекти од животот на таквите луѓе. Имено, повеќе од јасно е дека склоноста кон континуирано насилство кон животните апсолутно секогаш води кон насилство врз човек. Невозможно е човек што ужива додека измачува и убива невини беспомошни животни во иднина да не посегне по човек. Индустријата за крзно претставува школски пример за злоупотреба на животните од невидени размери во име на суета и сето тоа удобно вклопено во т.н. Закон  за заштита наживотните. Ако сакаме да создаваме и да градиме култура на ненасилство, на соживот, на почит, треба да почнеме од самиот корен на проблемот – а тоа е односот на човекот кон животните.

Втората половина од минатиот милениум како свое обележје го имаше претворањето во роб и злоупотребата на црниот човек. Истовремено, жената во општеството немаше никакви права. Групите и организациите за подигање на свеста си го направија своето и јавноста, генерално гледано, повеќе не само што не го одобрува робувањето на децата, жените и црните луѓе, туку и најостро го осудува. Општеството ги надмина овие црни дамки во историјата и срамните периоди од својот развој. Време е да го направи и последниот чекор – да ги ослободи животните и да престане да ги гледа како комодитети, како предмети што може да ги искористува за своите себични потреби.

Тие животни се создадени на оваа земја од истата причина од која е создаден и човекот – ЗА ДА ЖИВЕАТ. Правото на живот е еднакво за сите и ако навистина сакаме да доживееме да видиме ден кога сето насилство на светот ќе запре треба една мисла постојано да ни одѕвонува во главата – додека се убиваат животни, ќе се убиваат и луѓе.

Ако некој од вас барем еднаш во животот се нашол во очајна, безизлезна состојба и се почувствувал како жртва, тоа значи дека во еден мал момент сте го почувствувале она што овие животни го чувствуваат секој ден, сѐ додека конечно не им биде пресудено. Затоа, ве повикуваме да ни се придружите во борбата за правата на животните, во борбата за основното право на живот – што ни припаѓа на сите по раѓање.

Со почит,
Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“
*****************************************************************
EDEN celebrated the international day of action against the fur trade—the last Friday of November, 29th November 2013—the so-called Fur-Free Friday, joining numerous organisations throughout the world in the struggle against one of the cruellest and most harmful industries.

For this very reason a number of European Union member states have banned fur farming. This includes: Great Britain,Austria, Croatia, and Slovenia. Fur farming is banned in the Republic of Macedonia, but the import and sales of this extremely environmentally unfriendly product are still allowed, unfortunately. This might seem like a positive step but, in fact,banning production while completely allowing import and sales cause the production industry to move to countries such as China, in which there are no animal welfare laws. The closest to the ideal, as far as the rights of animals abused for their fur are concerned, is Israel, where there is currently an initiative to ban not only production, but also import and sales of products made of natural fur. Should the motion be adopted, Israel would become the first country in the world to completely boycott this cruel and unnecessary industry. Closer to home, a country that has completely banned fur farming is Bosnia and Herzegovina,while in Croatia a complete ban of the industry is in the works. The answer to the question how come natural fur production in Croatia has turned from a leading industry branch into an industry that is slowly but surely to be banned by law is simple. Namely, it has been noted that overtime a large percentage of fur farm employees have developed various cancerous diseases, and that despite expensive filtration systems and great environmental protection measures, the water, the soil, and whole ecosystems in Croatia have suffered catastrophic consequences in favour of financial gain. It is fortunate that the citizens of this country woke up and did not allow the consequences to get even worse and the damage to become of such scope that is beyond any human control.

The results of many scientific studies by serious institutions throughout the world have shown that the fur production industry—on account of the releasing of various toxic substances such as chromium, aluminium, iron (to prevent the decomposition of the hides), as well as formaldehyde, carbon products, various oils and thinners (some of which contain cyanide)—is the greatest cause of environmental pollution and endangering human health. According to the Center for Disease Control and Prevention in Atlanta the population living in close proximity to such factories has exhibited five times the incidence rates of leukemia than the national average. The consequences to the environment and to human health are not the only reason this industry has become undesirable and banned in Croatia, as well as in numerous other countries worldwide. Fur is not the by-product of any other industry; the animals are purposefully hunted or excessively bred for this single goal—using their fur.In addition, the traps set by hunters oftentimes catch animals they were not intended for, and they die in vain of infection, pass days in agony ensnared in the steel traps, powerless to set themselves free, or, helpless and injured,become easy prey to predators. The carcasses of fur animals are unusable, so their disposal becomes an additional threat to the environment. Unimaginable horror takes place on fur farms, far from the eyes of the common man. The same fate awaits all animals‘living’ on these farms—drowning, suffocation, gas chambers, poisoning, analand vaginal electrocution, broken necks, heads cracked open, beatings to death,skinning while they are still alive, such sadistic torture as we could not even imagine… The treatment, or better yet, the mistreatment, of the animalson these farms is beyond reason. We could rightfully say that the profile ofthe worker on such farms resembles the profile of a serial killer, a rapist, apsychopath. The human psyche is too fragile for the conscience to allow the witnessing of such atrocities and for them not to reflect on all aspect ofthese people’s lives. Namely, it is as clear as day that the tendency toward continual violence against animals always leads to violence against humans. It is impossible for a man who enjoys torturing and murdering innocent animals not to go after a human eventually.The fur industry is a textbook example of animal abuse of enormous proportion in the name of vanity, and all that neatly included in a so-called AnimalWelfare Law. If we wish to create and develop a culture of non-violence, ofcohabitation, of respect, we need to start with the root of the problem—and that is man’s relation to animals.

The second half of the last millennium was marked by the enslavement and the abuse of the black man. Women had no rights in society either. Awareness-raising groups and organizations did their thing and the public, generally, not only disapproves of the enslavement of children, women,and people of color but also harshly condemns it. Society overcame these dark spots in history and the shameful periods in its development. It is high time it made the final step—free animals and stop considering them as commodities,as objects to exploit for its own selfish needs.

Animals were put on this earth for the same reason man was—TO LIVE. The right to life is the same for all and if we really wish to live to see the day when all violence in the world ceases, one thought should constantly echo inside our heads—as long as animals are being killed, so will be humans.

If anyone of you has ever been in a desperate, dead-end situation in life and felt like a victim, it means that for a brief moment you have felt what these animals feel every day until they receive their final judgment. That is why we would like to invite you to join us in our fight for animal rights, in the fight for the fundamental right to life—to which we are entitled at birth.

With kindest regards,
EDEN Animal and Environmental Protection Association

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s