Најновогодишна фотка од твоето милениче

najnovogodishna fotka od mileniceto1Здружението за заштита на животни и животна средина ЕДЕН ви го најавува натпреварот Најновогодишна фотка од твоето милениче. Натпреварот трае од 25.12.2013 до понеделник 30.12.2013 на полноќ.

Сите ние имаме среќни, смешни и весели празнични спомени со нашите најмили. За многу од нас дел од семејството се и нашите миленичиња. Оваа празнична сезона сакаме да испратиме порака до сите дека и животните се способни да се радуваат на празнични декорации и посебни прилики исто како секој од нас, па можеби и повеќе. Тие разбираат многу повеќе отколку што забележуваме, а сличноста со човековите особини по завршување на натпреварот веруваме дека ќе ви стане повеќе од очигледна.

Затоа ве покануваме сите да ни испратите фотографија од вашиот миленик во новогодишно руво или новогодишна атмосфера. Бидете креативни и најважно од сè – обидете се да фатите некој бесценет момент на среќа!

Фотографиите треба да ги „закачите“ на отворениот ФБ настан или да ги испратите на eden.mk.org@gmail.com, најдоцна до 30.12.2013 на полноќ, а победниците ќе бидат објавени на 31.12.2013. Нашето стручно жири, составено од дологодишни активисти за правата на животните ќе избере фотографии во три категории:

1. Најпразнична фотографија од твоето милениче
Во оваа категорија ќе бираме фотографија со дедомразовски капчиња, празнични костимчиња, елки, лампиони и новогодишни декорации.

2. Најнеобична фотографија од твоето милениче
Што сака да прави вашето милениче во празнично расположение? Дали сте го фатиле како сериозно стои пред елката и нешто си размислува?! Ни требаат баш тие необични празнични ситуации.

3. Најсмешна фотографија од твоето милениче
Кога со часови не можете да престанете да се смеете на некој „момент“ со вашето милениче по кој засекогаш ќе го паметите празникот – фотографирајте и испратете ја баш таа фотка.

Главен спонзор на натпреварот е Royal Canin – Македонија и тие подготвија три многу специјални новогодишни пакетчиња за тројцата победници!

Правила за натпреварот Најновогодишна фотка од твоето милениче

1. Натпреварот започнува денес, 25.12.2013 во 15:00 часот, и ќе заврши во понеделник 30.12.2013 на полноќ
2. Фотографиите треба да ги „закачите“ на отворениот ФБ настан или да ги испратите на eden.mk.org@gmail.com
3. Фотографиите мора да бидат во сопственост на авторот или да имате писмена изјава за авторско право на фотографијата
4. Фотографиите можат да бидат направени со мобилен или фотопапарат
5. Фотографиите ќе се бираат по пат на гласање на стручното жири
6. Ќе се избере по една фотографија во следните категории:
– Најпразнична фотографија од твоето милениче
– Најнеобична фотографија од твоето милениче
– Најсмешна фотографија од твоето милениче
7. Победниците ќе бидат објавени на 31.12.2013
8. Наградите ќе бидат доделени најдоцна до 15.01.2014
9. Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДЕН и Royal Canin Македонија го задржуваат правото на употреба на сите фотографии кои учествувале во натпреварот

Оваа празнична сезона да ја прославиме во духот на еднаквост помеѓу сите живи битија на планетава!

Среќни празници вам и на вашите миленичиња!

Со почит,
Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДЕН

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s