Протест пред скопската зоолошка

banzoos (Copy)За неполн месец во Зоолошката градина во Скопје и второ животно е во смртна опасност, а можеби и веќе мртво.
Протестот пред Зоолошката не е само бојкот на непрофесионалноста, некомпетентноста и комплетната индолентност на нејзиниот персонал, туку бојкот на зоолошките во генерална смисла.

Тие не се ништо повеќе од затвори за животни, места каде што целосно се убива духот и волјата за живот на секое живо суштество. Еве зошто:

1. Територијата на некои видови диви животни се простира на стотици, па дури и на илјадници километри – критериум што ниедна зоолошка на светот не може да го задоволи!
2. Животните заробени во овие установи покажуваат знаци на психичко растројство како последица на болката што ја чувствуваат „живеејќи“ во неприродни услови. Такви знаци се: постојано движење напред-назад, мрдање на главата, движење во круг. Секоја форма на повторливо движење укажува на неизмерната несреќа што овие кутри души ја чувствуваат секоја секунда од секој ден.
3. Освен што им е наметнат затвор, наметната им е и исхрана што најчесто ни оддалеку не соодветствува на нивните вистински потреби, наметнати им се партнери со кои во природата најверојатно никогаш не би се спариле.
4. Зоолошките не се места каде што децата учат за животните, бидејќи да се рече дека се учи за едно живо суштество истото треба да се набљудува во неговото природно живеалиште каде што се однесува природно, каде што доаѓа до израз неговото вистинско однесување. Зоолошките постојат исклучиво за некој да профитира од нив – а таа ниска причина е завиена во велот на едукација и забава на граѓаните.

Дали вреди едно живо суштество кое има волја за живот, кое сака слобода како и сите ние, да се осуди на доживотен затвор и на мизерни услови за само неколку минути во денот некој да се „забавува“ гледајќи го? Ние велиме НЕ! И секој свесен и разумен човек што знае што значи живот и слобода ќе рече НЕ!

Речи и ти НЕ и придружи ни се заедно да покажеме дека Македонија нема потреба од зоолошка!

Обединетите Нации ја признаваат потребата од ЗАШТИТА НА ДИВИОТ СВЕТ и затоа на 20 Декември 2013 година на 68 седница го прогласија 3 МАРТ за Светски ден за заштита на дивиот свет. Дивиот свет е од ОГРОМНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОПСТАНОК НА ПЛАНЕТАТА и припаѓа само на дивината каде може да го помага опстанокот на екосистемите!
#boycottskopjezoo # boycottzoos #banzoos

https://www.facebook.com/events/125096524349106/

Со почит,
Здружение за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s