Крзното е шема за пештерска жена

krzno5На 29ти Ноември 2013 Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ заедно со Здружението за заштита на животната средина „Терра Флориа“ го одбележаа светскиот ден на борба против индустријата со природно крзно. Мотото на настанот гласеше: „Крзното е шема за пештерска жена“. ОГРОМНA БЛАГОДАРНОСТ до сите наши активисти/волонтери што придонесоа за извонредниот перформанс. ♥

Крзното не е нус-производ од ниедна друга индустрија, тука животните наменски се ловат или прекумерно се размножуваат само за таа цел – искористување на нивното крзно. Освен тоа, во стапиците што ги поставуваат ловците неретко се фаќаат и животни кои не биле нивна цел, па залудно умираат од инфекции, поминувајќи денови во агонија вклештени во челичните стапици, немоќни да се ослободат, или, така беспомошни и повредени, стануваат лесна мета на предатори. Труповите на животните што се одгледуваат за крзно се неупотребливи, па нивното отстранување претставува дополнителна закана по животната средина. На фармите за животни што се одгледуваат за крзно се случува непоимлив хорор, далеку од очите на обичниот човек.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s