За нас

EDENlogo
Е.Д.Е.Н. верува дека правото на живот и слобода на секое живо суштество му припаѓа по раѓање и дека никој не смее да му го одземе тоа право.
Е.Д.Е.Н. верува дека правото на чист воздух, чиста вода за пиење и чиста животна средина им припаѓа на сите живи суштества што ја населуваат оваа планета.

За постигнување на целите предвидени со мисијата Е.Д.Е.Н. ќе ги предочува и истакнува придобивките од животен стил кој не подразбира свирепост кон и злоупотреба на ниедно друго живо суштество. На тој начин ќе стимулираме поодговорен однос кон планетата, што ќе доведе до подобрување на здравствената состојба кај човекот и унапредување на етиката и емпатијата. Преку поттикнување на посовесна и еволуирана перцепција на животните и животната средина човечката раса се издигнува на повисоко ниво.
Здружението за заштита на животните и животната средина ЕДНАКВОСТ ДОСТОИНСТВО ЕМПАТИЈА НАТУРАЛИЗАМ од Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за да ја подигне јавната свест за специзмот/видизмот и еколошката (не)култура и да ги поттикне граѓаните да прифатат вегански стил на живеење, а во согласност со Уставот и Законот.Основни цели на Здружението се: целосно искоренување на злоупотребата и експлоатацијата на животните и животната средина во секој домен од човековото живеење. Целиме кон создавање на општество каде што интегритетот и достоинството на животните и животната средина ќе бидат еднакво почитувани и уважувани од страна на човекот, бидејќи ненасилството кон животните и животната средина доведува до искоренување на насилството меѓу луѓето.Сето горенаведено ќе го реализираме преку исполнување на следниве задачи:– aкции за спасување на бездомни и злоупотребени животни и наоѓање безбедни привремени и/или трајни домови за истите,– истражување експлоатација на животни на фарми, во кланици, циркуси и разни други институции и претставување на реалната слика пред јавноста,– мирни протести за привлекување на вниманието на јавноста за правата на животните и животната средина,

– настани за собирање средства за директна помош на секаков вид експлоатирани и повредени животни: животни-жртви на каков било вид катастрофи, животни во завојувани подрачја и животни изложени на секаква друга опасност од повреда или смрт,

– спроведување проекти на локално, национално и меѓународно ниво во согласност со мисијата и визијата на Е.Д.Е.Н.,

– кривично гонење на поединци, групи и/или институции одговорни за кршење на законите кои ги штитат животните и животната средина,

– влијаење врз законодавните тела за подобрување на законите кои се однесуваат на животните и животната средина, вклучително лобирање на локално, национално и меѓународно ниво,

– надгледување на работата на институциите при спроведување на законите кои се однесуваат на животните и животната средина и соработка со истите,

– соработка со меѓународни законодавни тела и институции, соработка со останати сродни и поврзани организации на локално, национално и меѓународно ниво,

– едукација на јавноста (преку делење летоци, информативни штандови, дебати, трибини, предавања, работилници, културно-уметнички настани, иницирање петиции, медиумско влијание и онлајн активизам),

– подигање на свеста кај граѓаните за специзмот/видизмот, подигање на свеста кај граѓаните за бездомните животни,

– подигање на свеста кај граѓаните за четирите најзлоупотребувани категории на животни: фармски, експериментални, жртви на модната и на индустријата за забава,

– подигање на свеста кај граѓаните за заштитените и загрозените видови животни и видовите кои се жртви на трговија и загрозување,

– промоција на вегански животен стил,

– подигање на свеста кај граѓаните за непоправливата штета која произлегува од уништувањето на животната средина,

– создавање еколошка култура

Со почит,

Здружение за заштита на животни и животна средина Е.Д.Е.Н.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s