Пестициди

Кога хемикалии , кои се дизајнирани да убиваат ќе бидат внесени во избалансирани екосистеми , тие можат да направат таква голема штета чии последици ќе се чувствуваат со години. Пестицидите предизвикуваат огромна штета во животната средина , заканувајќи и се на биолошката разновидност и ослабување на природните системи од кои зависи опстанокот на човекот.

• Драстично опаѓање на популацијата на медоносната пчела – дури 1/3 од храната која ја конзумираме зависи од полинацијата на медоносната пчела. Научниците откриваат дека поголемиот број на инсектициди се токсични за пчелите, а скорешно истражување на повеќе пчелни кошници откри коктел од токсични пестициди во пчелиниот восок и медот. Како најголем виновник за изумирање на пчелите се посочува нов вид на инсектициди – неоникотоноиди. Вкупно 8 неоникотоноиди се на пазарот моментално, од кои 4 се наоѓаат на Националната листа на одобрени производи и активни супстанци за заштита на растенијата во Р.М.

• Машки жаби изложени на атразин стануваат женки- во 1990тите научниците открија дека машките полноглавци кои живеат во плитките води контаминирани со пестицидот атразин, стануваат женки. Генетски тие остануваат мажјаци, меѓутоа морфолошки се женки кои се парат со мажјаци и положуваат јајца.

• Драматичното изумирање на лилјаците – поради изложеност на пестициди, имунолошкиот систем на лилјаците е заслабен и се поподложни на болести. Во 2006 беше пронајдена првата пештера каде беше изумрена цела колонија на лилјаци.

• Водите загадени со пестициди опасност за рибите и птиците- некои пестициди продираат во подолните слоеви на почвата, а други измивани со дождот се слеваат во потоци, реки и езера каде ги трујат рибите и други акватични организми, а и птиците кои се хранат со затруените риби. Зависно од видот на хемикалијата, контаминацијата може да трае денови, недели, месеци, па дури и цели декади.

Влијание врз луѓето:

-Кај бремена жена изложена на пестицици, инсектициди и хербициди постои огромна шанса фетусот да се роди со некаква физичка или ментална маана или неплодност подоцна во развојот
-биолошкиот состем на детето се развива многу брзо и микро-дози на токсини можат да влијаат на неговиот неуролошки, имунолошки и репродуктивен систем што како последица може да резултира во развој на канцер, во детството или понатаму во животот.
-возрасен човек денес носи огромен број на хемикалии во своето тело, а никој сеуште не знае како различни комбинации хемикалии влијаат на целиот организам. Меѓутоа, постојат голем број докази дека сите тие токсини предизвикуваат неплодност, намалување на имунитетот, проблеми со бешиката и канцер.
-кога ќе остареме нашиот биолошки систем заслабнува, па така сите токсини кои сме ги внесувале и на кои сме биле изложени во текот на животот, токму во староста можат да предизвикаат најголеми компликации.

КАЖИ ИМ НЕ НА ОТРОВИТЕ КОИ ТЕ ТРУЈАТ ТЕБЕ И ТВОЈАТА ЖИВОТНА СРЕДИНА!!!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s