Заштита на животните

Ве молиме придружете ни се и помогнете со заеднички сили да ја подигнеме свеста за животните и нивните права, бидејќи и тие, исто како нас, чувствуваат болка и страдаат. Ако ги отворите срцата и очите ќе видите дека она што некогаш беше расизам, денес се вика специзам – дискриминацијата е иста, само жртвата е поинаква.

Ненасилството води до етика од највисок степен, што е и целта на еволуцијата. Сè додека не престанеме да ги повредуваме сите живи суштества на овој свет, сè дотогаш ќе бидеме дивјаци. – Томас Едисон

Во делот на заштитата на животните ЕДЕН:

– Акции за спасување на бездомни и злоупотребени животни и наоѓање безбедни привремени и/или трајни домови за истите
– Истражување експлоатација на животни на фарми, во кланици, циркуси и разни други институции и претставување на реалната слика пред јавноста
– Мирни протести за привлекување на вниманието на јавноста за правата на животните и животната средина
– Настани за собирање средства за директна помош на секаков вид експлоатирани и повредени животни: животни-жртви на каков било вид катастрофи, животни во завојувани подрачја и животни изложени на секаква друга опасност од повреда или смрт
-Кривично гонење на поединци, групи и/или институции одговорни за кршење на законите кои ги штитат животните и животната средина
– Влијаење врз законодавните тела за подобрување на законите кои се однесуваат на животните и животната средина, вклучително лобирање на локално, национално и меѓународно ниво
– Надгледување на работата на институциите при спроведување на законите кои се однесуваат на животните и животната средина и соработка со истите
– Соработка со меѓународни законодавни тела и институции
– Соработка со останати сродни и поврзани организации на локално, национално и меѓународно ниво
– Подигање на свеста кај граѓаните за специзмот/видизмот
– Подигање на свеста кај граѓаните за бездомните животни
– Подигање на свеста кај граѓаните за четирите најзлоупотребувани категории на животни: фармски, експериментални, жртви на модната и на индустријата за забава
– Подигање на свеста кај граѓаните за заштитените и загрозените видови животни и видовите кои се жртви на трговија и загрозување
– Промоција на вегански животен стил

zivotni

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s